Градско ќе добие рурален доктор и медицинска сестра
Тие ќе бидат вработени наскоро како дел од проектот „Рурален доктор“ за да вршат прегледи во селата во општината за кои матичните лекари не покажале интерес и не отвориле амбуланти. Ново вработениот медицински тим ќе има задача да оди од селот во село и да ги прегледува жителите откако претходно ќе утврди термин и ќе ги информира жителите.
– Вака треба да функционира проектот. Докторот и сестрата да имаат утврден распоред кој ден во неделатаколку до колку часот, ќе бидат во кое населено место. Тоа ќе го објавиме во секое населено место и ќе се знае точно во селото дека докторот доаѓа тој и тој ден, а можеби и два пати неделно од толку до толку часот за да можат граѓаните кои живеат во тие населени места да добијат услуга, рече министерот за здравство Никола Тодоров на синоќешната трибина на ВМРО ДПМНЕ со граѓаните во Градско.
Министерот оправданоста на овој проект ја гледа во состојбата која ја има на терен и според која во Македонија постојат 1227 населени места во кои живеат голем број на граѓани без амбуланти и присуство на медицински тимови. Овие граѓани се приморани да патуваат до најблиските градови за да бидат прегледани, да препишат и да си купат лекови.
Тодоров соопшти дека набрзо на бензиските пумпи низ државата ќе се продаваат лекови, асперин, андол, кафетин и други, со цел да им бидат подостапни на граѓаните од една и на тој начин да се намали цената на лековите, од друга страна./Б.Н