ladilnik fin

Во согласност со стратешките определби на општина Градско за развој на земјоделството раноградинарството, лозарството и овоштарството во населба Градско е изграден ладилник кој врши функцијата на откупно дистрибутивен центар. Капацитетот на ладилникот за откуп на овошје и зеленчук изнесува 1.000 тони.

Robert Besovski fin

Од сопствените приходи, за една година, Општина Градско го намали долгот за 100 илјади евра и се спаси од банкрот. Со враќање на наследените долгови, општината, продолжува штом на нејзината жиро сметка Владата ги префрли доделените неповратни и наменски 221 илјади евра. Така ќе се преполови вкупниот наследен долг од 600 илјади евра, соопшти градоначалникот Роберт Бешовски.

Voz na most od dron

Утринскиот патнички и два товарни возови, кои сообраќаат кон Гевгелија, денеска веќе поминаа по мостот на Црна Река. Таму, на тој дел од делницата на железничката линија минуваат со 20 км/час. Нормализирањето на сообраќајот следи по четириесетдневната поправка на носечкиот столб на мостот и по пресметаната загуба на ЈП „Македонски железници“ од речиси еден милион и 360 илјади евра.

most2 fin

Големи оштетувања има еден од носечките столбови на мостот над Црна Река на вливот во Вардар во близина на Археолошкиот локалитет „Стоби“. Пукнатината во бетонот, широка повеќе сантиметри, се наоѓа под носечката платформа на која мине железничката пруга Скопје – Гевгелија. Горниот дел од мостот е попуштен и тоа е видливо со голо око. Платформата има благ нагиб помеѓу два носечки столба на мостот.  И тоа е причина зошто е запрено сообраќањето на возовите по пругата.

policija kavadarciПет лица се повредени во сообраќајната незгода помеѓу моторцикл марка „Јамаха“ и патнички автомобил марка „Мазда 3“. Како што информираат од полицијата, незгодата се случила на ул. „Маршал Тито“ во Градско.

vardar fin

Единицата за специјални задачи на МВР, во саботата на 14 јули, од под мостот на село Кочилари извлече човечки труп што претходно го забележале и пријавиле граѓани. Станува збор за труп на маж во поодмината фаза на распаѓање. По наредба на Основен јавен обвинител трупот е пренесен на Институтот за судска медицина - Скопје на обдукција.

Поврзани вести

web banner 300x250 Sinalco Duma

banerknigovodstvo

E baner

Најново