12:10 - часот: 

Четириесет и седум годишниот С.П. од неготинското село Црвени Брегови загина во сообраќајната несреќа што во неделата вечерта, околу 19,00 часот, се случи на регионалниот пат Градско-Неготино, кај локалитетот „Стоби“. Тој го управувал патничко моторно возило „КИА“,  кое излетало од коловозот и се превртело.

Земјоделците од Градско и Виничани ги паркираа тракторите и направија блокада денеска на стариот пат Велес - Градско. Вака одлучија да го искажат својот гнев кон Владата поради неисплатените субвенции и оштета од невремето во изминатите две години. Нивните посеви, овоштарници, лозја ги столче мразот што минатата недела го зафати Вардарскиот регион.

Измрзнаа лозовите насади на лозарите во селото Виничани. Студот што го зафати, ноќта во петокот спроти сабота , овој дел од вардарскиот регион ги измрзна и овошните насади. Овоштарите велат дека не останал плод на ниту една кајсија. Исто така не куртули ниту еден корен од засадениот бостан на нивите во општина Градско.

Земјоделците и овоштарите бараат помош од министерство за земјоделство.

Земјоделците, овоштарите и лозарите велат дека пропаднало целото планирано производство на раноградинарски производи, овошје и грозје во селата во општината.

Сега четириесет работници а пред четири години во прилепската „Стара Фурна“ работел само еден работник. Фурната со леб започнала да ги снабдува прилепчани. Денеска освен леб на жар пече и продава бели пецива освен во Прилеп уште во Велес, Кавадарци и Валандово. Вака во винарија „Стоби“ почна да ја раскажува својата успешна приказна сопственикот на фурната, Владимир Апостолоски на денеска одржаниот Мини саем за микро и мали компании од сите осум региони на Македонија кој беше дел од проектот на УСАИД, кофинансиран од Владата на Швајцарија и имплементиран од Центарот за развој на претприемачи и менаџери ЦЕЕД Македонија.

Предлагачот компанијата „Хемомак“ од Велес го извести Основниот суд Велес дека го повлекува барањето за покренување на стечај на компанијата ЗК „Вардар“ од Градско. Според судијата Ангел Трипчев, кој ја водеше предлог стечајната постапка,  земјоделскиот комбинат му го платил остатокот од долгот од 52.000.000 денари на „Хемомак“ по што Судот донесе решение за повлекување на барањето за отварање на стечај.

Според податоците на ДИК и во општина Градско има рекордна излезност на гласачи на вчерашните предвремени парламентарни избори. Таму своето право на глас го оствариле 2.298 граѓани или 73,37 проценти од вкупниот број на гласачи евидентирани во избирачкиот список. И во Градско предноста во гласови ја има Коалицијата за подобра Македонија предводена од ВМРО ДПМНЕ.

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

lifer gif 300x250 Duma

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

Rontis oglas 2

Швајцарска мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала заради зголемување на својот постоечки капацитет во Велес има потреба да вработи:

Техничар  во оддел за  одржување

Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови:

  • ССС (Електро- техничар,  Машински техничар и др. сродни занимања)
  • Познавање на англиски јазик
  • Познавање на работа со компјутери
  • Со или без работно искуство ( предност имаат кандидати со работно искуство со машини )

Локација : Велес

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со слика на  hrmk@rontis.com  или на адреса: ДПТ РОНТИС  ДООЕЛ Велес  с. Долно Оризари бб, Велес 1400  задолжително со назнака за Техничар, најдоцна до 06/03/2020 година .

 
   
   
   
   

Најново