Хотел „Романтик“ на езеро „Младост“, позната дестинација на транзитни туристи
На граничните премини, од македонска страна, денеска, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Не е вака секој петок,ден пред викенд, во ек на туристичката сезона. Особено не кога петок е први, десетти, дваесетти или триесетти во месеците јуни, јули, август и септември затоа што граѓаните од соседна Србија транзит ја поминуваат државата за користење на годишен одмор во Грција.
Овие туристи на пат низ Македонија често ги користат услугите на хотел “Романтик“ на велешко езеро „Младост“. Тука преноќуваат за наредното утро да го продолжат патот до крајната дестинација за користење на годишниот одмор.
Хотелот со четири ѕвездички, неговата локација и ексклузивност, можноста транзитните туристи да се искапат во базен и да ги почувствуваат благодетите на езерската вода на „Младост“ се наоѓа на само 60 км по преминување на македонскиот граничен премин „Табановце“. До хотелот се стигнува едноставно, возејќи по автопатот „Пријателство“, штом се мине патарината „Сопот“ на 400 метри потребно е да се исклучите, од десната страна, од каде по пристапен пат се стигнува до хотел „Романтик“ со само седум минутно возење.
Денеска, петок, 23 јули, исполнетоста на капацитетот на хотелот е 50 отсто. Тоа значи дека слободни соби сеуште има на располагање. Но не е секој ден така. Од почетокот на годинешната сезона често овој процент изнесува 70 или 100. Хотелот има свој бесплатен паркинг на кој деновиве беа паркирани поголем број на возила на странски туристи со регистерски ознаки од Белград, Република Србија.
Затоа е потребна резервација на е-мајл [email protected] или на телефонскиот број +389 78 400 036 што овозможува и вибер комуникација. Ова е најсигурниот начин за обезбедување на место за преноќување.
Менаџерсиот тим на хотел „Романтик“ на велешко езеро „Младост“ им посакува добредојде на сите туристи што ќе го изберат како место за една вечер или повеќе денови.
Убавка Јаневска