Исчезната малолетничка во Кавадарци
Објавено на 31 август, 2023 во 14:46

Сектор за внатрешни работи Велес информира дека на 29 август, годинава, во 19:40 часот во Одделение за внатрешни работи Кавадарци, триесет и пет годишниот З.П од Кавадарци, пријавил дека неговата петнаесет годишна ќерка А.П се оддалечила од домот.
Портпаролот на СВР Велес, Ристе Самарџиев информира дека се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
