Кавадарчанец физички ги нападнал сопругата и нејзиниот татко, друг маж ја нападнал својата мајка
Во дневниот билтен на Сектор за внатрешни работи Велес заверени се два физички напади пријавени во Одделение за внатрешни работи Кавадарци.
Првата пријава е против дваесет и пет годишниот Т.Ј кој во 14:00 часот бил приведен од страна на полициски службеници од ОВР Кавадарци бидејќи во демејниот дом физички ја нападнал четири години помладата сопруга и нејзиниот 49 годишен татко.
– Т.Ј. бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, пишува во дневниот билтен на СВР Велес.
Вечерта, поточно во 21:25 часот полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишеле од слобода 33 годишниот В.Ј по претходна пријава од неговата 63 годишна мајка дека во семејниот дом физички ја нападнал. Од СВР Велес соопштија дека кавадарчанецот е задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Дума.мк