Кавадарчанец управувал возило со 2,01 промили алкохол во крвта

Објавено: 26 август, 2025, во 13:55 часот

Полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишеле од слобода шеесет и четири годишниот Н.В од Кавадарци. При контрола во патниот сообраќај, вчера во 23:20 часот на улица „Гоце Делчев“ полициските службеници сопреле патничко возило „пежо“ со кавадаречки регистарски ознаки кое го управувал кавадарчанецот.

-По преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека му биле измерени 2,01 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај, соопштија од СВР Велес.

Лицето било задржано во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.