20.01.2021
Во ОВР – Кавадарци на ден 19.01.2021 год. околу 19.00 часот било пријавено дека во с. Возарци во семејната куќа, П.А.(70) бил физички нападнат од неговиот внук од син, Р. А.(22) со кого живеат во иста куќа. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

18.01.2021
Вчерашниот студен, но и сончев убав ден, многумина го искористија да прошетаат во планина, особено на места каде што има снег. Голем број кавадарчани, неготинци, но и други бројни посетители можеа да се сретнат на повеќе локации од патот кој води до одморалиштето Михајлово, особено на подрачјето кое географски се нарекува Витачево. Иако, ова место се наоѓа во подножјето на планината Кожуф, на висока надморска височина, сепак и во зимски услови е достапно за секого. На ова подрачје се наоѓаат повеќе села, од кои, некои се со постојани жители, но поголем број од нив, сега претставуваат викенд населби.
14.01.2021
Иако во поинакви услови од кои сме навикнати, без групирања и официјални прослави и оваа година во Тиквешијата продолжи џоломарската традиција за Василица, која е василичарски пагански обичај кој датира од многу одамна.

И понатаму Кавадарци е меѓу градовите во земјава каде дневно се дијагностицираат високи бројки на нови ковид позитивни. Тоа го потврдува и статистиката на Центарот за јавно здравје Кавадарци, која се однесува за изминатото деноноќие, заклучно до синоќа. Во Тиквешијата има 31 нов случај на корона вирус.
12.01.2021
Кавадарчанец на возраст од 62 години и неготинец на 78 годишна возраст починале на скопските клиники поради компликации од корона вирус.