Поголема едукација за поголема безбедност во сообраќајот
Едукација на сите учесници во сообраќајот со цел поголема безбедност и поголема сообрќајна култура е приоритет на општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата Кавадарци за 2016.
Во нивната програма што ја усвои општинскиот совет се нагласува дека врз основа на извршените анализи и добиените резултати од сообраќајните незгоди кои се случиле минатите години, проблемите со безбедноста на сообраќајот на патиштата стануваат се посложени и затоа потребно е координирано делување на сите надлежни институции, полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај, инспекторатит за превенција по сообраќајни работи, подрачните единици за сообраќај и врски, образование, бирото за развој во , локалната самоуправа, автошколите и други повикани субјекти.
Од општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата нагласуваат дека од извршените анализи и статистички податоци како главни причини за случените сообраќајни незгоди можат да се издвојат возењето со неприлагодена брзина, недавање предност на минување, управување на возило под дејство на алкохол, управување без положен возачки испит, недржење на страна и правец на движење, престигнување на недозволени места.
Техничка неисправност на возилото и грешка на пешаци се исто така дел од причините за сообраќајни незгоди, велат од општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, Кавадарци.
За надминување на овие проблеми годинава се планира унапредување на сообраќајното воспитување на младите за самостојно и безбедно учество во сообраќајот, превентивни активности на патуштата, поттикнување на развојот на службата за итна медицинска помош на патиштата./A.Д