Осумдесет болни од грип во Кавадарци

Објавено на 12 јануари, 2016 во 13:53

Променливото време оди во прилог на ширење на грипот, како вирусно заболување во овој период од годината. Според информациите од Центарот за јавно здравје во Кавадарци,  бројот на болни од грип во Кавадарци од почетокот на сезоната,  заклучно со последната недела се искачил на 80 болни.

„Изминатава недела матичните лекари регистрирале 19 нови грипозни лица. Споредено со претходните недели од почетокот на сезоната на грип кога се бележеа по 2-5 болни ова е најголем број заболени во една недела“ рече д-р Ристе Јовановски, епидемиолог во Центарот за јавно здравје.

Споредено со овој период од минатата година во Кавадарци се бележи годинава најголем број на заболени. Д-р Јовановски смета дека бројот на болни дополнително ќе се зголемува со почетокот на второто полугодие од учебната година./А.Д

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.