2700 предмети за легализација на дивоградби чекаат одговор од службите

Објавено на 29 јануари, 2016 во 15:09

Голем е бројот на кавадарчани кои побарле да ја легализираат својата дивоградба согласно законските олеснувања. Во општинската службабиле  понесени вкупно 7.249 барања за легализација на бесправно изградени објекти.

Завршени се 1560 предмети и донесени се решенија за легализација. Во постапка за легализација се 2700 предмети. Поради некомплетна документација прекината е постапката за легализација  на 2983 предмети. Одбиени се 6 барања поднесени од сопственици на нелегално изградени објекти.

Од општината ги потсетува граѓаните кои имаат нелегално изградени објекти дека согласно измените на законот за легализација на дивоградбите, во тек е поднесување на нови барања за легализација на дивоградби. Изменетиот рок за доставување на документи е до 31 март годинава./А.Д

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.