Улиците од централното подрачје ќе се чистат четири пати неделно

Објавено на 5 февруари, 2016 во 14:35

Општина Кавадарци со околу 2,5 милиони денари ќе ја реализира програмата за јавна чистота годинава.

Во неа  е предвидено улиците  од  1-ва  категорија,  Центар на градот , деловен дел на градот каде улиците и булеварите се  со густа фрекфенција  на лица и возила  да  се пометуваат три- четири  пати неделно, а два пати месечно да се мијат.         Во оваа категорија влегуваат улиците „Тиквешко востание“, цела „Илинденска“ со кружен тек, „7 ми септември“, „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ и „Пано Мударов“ и „Цано Поп Ристов“.

Во  2-ра  категорија на улиците влегува деловниот и  станбен  дел од  градот  со развиен сообраќај  и густа фрекфенција  на  луѓе. Овде се опфатени околу 50 илјади метри квадратни и пометување ќе се врши еднаш неделно.

Густо населените населби и улици со послаб градски промет на возила и луѓе се дел од третата категорија која опфаќа околу 17 илјади метри квадратни простор за чистење еднаш во текот на неделата.

Програмата за јавна чистота  за 2016година во Општина Кавадарци  се финансира од надоместокот за јавна чистота што се наплаќа на сметките за извршена услуга од страна на ЈП Комуналец Кавадарци спрема граѓаните  на Општина Кавадарци.

Собраните средства се префрлаат месечно на Буџетот на Општина Кавадарци, и со прибраните средства  се врши исплата за услугата што ја врши ЈП,,Комуналец,,согласно доставените документи за исплата .

Во 2016 година се планира да се соберат вкупно 3.000.000,00 денари од надоместокот  за јавна чистота./А.Д

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.