Значително зголемен бројот на болни од грип во Кавадарци

Објавено на 16 февруари, 2016 во 13:12

Почна значително да се зголемува бројот на заболени од грип во Кавадарци и Росоман. Матичните лекари за минатата недела евидентирале  343 нови случаи на грип.

Од Центарот за јавно здравје информираа дека заклучно со последната недела од оваа сезона на грип во Кавадарци и Росоман има вкупно 820 грипозни лица, а бројот и во наредниот период ќе се зголемува сооглед на променливото време кое е во прилог на грипот.

“Споредено со лани овој период кога сме имале 181 болен од грип годинава бројката е значително поголема. И понатаму најмногу на удар на грипот се лицата на возраст од 15 до 64 години“ вели д-р Ристе Јовановски, епидемилог од Центарот за јавно здравје во Кавадарци.

Тој нагласува дека бројот на болни е и поголем ако се земе во предвид дека многу луѓе кај кои симптомите се поблаги се лекуваат во домашни услови без лекарска помош.

„Не се работи за алармантна состојба воопшто, бидејќи сме имале сезони кога до овој период имало и над 1000 болни.“ додава д-р Јовановски.

Лекарите советуваат да се земаат повеќе течности и витамини, а при посериозни проблеми да се бара лекарска помош./А.Д

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.