Директорот на болницата во Кавадарци ги отфрла обвинувањата на СДСМ
„ Не знам кој е мотивот на овие партиски пресови на СДСМ, па цело време трн во око им е баш болницата во Кавадарци. Тие упорно кажуваат паушални и невистинити констатации за само нив познати цели. Болницата во Кавадарци досега има покажано напредок во сите сегменти, па така до сега има остварени набавки на опрема и простор“ стои меѓу другото во писмената реакција на директорот на ЈЗУ Општа болница Кавадарци, д-р Орце Ангеловски по вчерашната прес конференција на ОО на СДСМ .
Директорот во реакцијата нагласува дека се отворени три нови амбуланти, центар за лекување на болести од зависност, уролошка амбуланта и центар за лекување на астма.
„Дониран е спирометар ,инхалатор на детско одделение, специјални кревети, нов рентген апарат и адаптиран простор за него,нов апарат за анестезија, нови 2 апарати за биохемиска лабораторија, Преносен инкубатор на детско, две возила, санитетски комбиња за пренос на пациенти, нов ехосонографски апарат, операционен стол за хирургија, Поправено е парното греење и набавена е нова пумпа, Набавен е рефрактометар на очно, купени се 100 нови душеци и навлаки за пациентите, екран за витални параметри, уролошки сет – цистоскоп телевизори ЛЦД во сите соби, тонометар за очно, мултифункционален магнетен терапевтски физијатриски апарат, Ендоскопска апаратура за ОРЛ, 120 нови чаршави и перници , 10 климатизери , два ЦТГ апарати за гинекологија, ехосонографски апарат очен“ нагласува директорот на болницата и додава дека вредноста на овие набавки е 150 милиони денари.
Понтаму во реакцијата се вели дека пациентите биле навреме и професионално згрижени, во затоплени простории и од персонал којшто редовно се ангажирал, како од вработени во кавадаречката болница, така и од други болници со коишто е склучен договор за соработка.
„Лековите пациентите ги добиваат во нашата болница и нема потреба да купуваат настрана бидејќи ги имаме доволно. Ова значи дека болницата работи тековно и солвентно. Сето ова зборува во прилог дека сето наведено во пресот на СДСМ е невистина и лага“ објаснува д-р Ангеловски./А.Д