Започна крпењето на дупките низ кавадаречките улици
Објавено на 19 февруари, 2016 во 15:02
Oперативата на градежната фирма „Изолација“ од Скопје интензивно работи на подготовка за асвалтирање на оштетените места на улиците во Кавадарци.
Станува збор за редовна акција на општината таканареченото пролетно крпење на „ударнбите дупки“на коловозниот дел од улиците во градот.
Овојпат со акцијата за крпење ќе биде опфатена вкупна површина од 800м2 на повеќе улици каде зимските мразеви го оштетија асвалтот.
Крпењето на ударните дупки кое ќе се спроведува во наредните денови ќа ја чини општината 1.000.000 денари. Парите се обезбедни од Буџетото на Општина Кавадарци од сметката за комунални дејности, информираа од службата за односи со јавноста при локална самоуправа Кавадарци. /А.Д