Кожувчанка и Игор Иџе Стефановски во акција за едукација на младите

Објавено на 7 март, 2016 во 09:58

Компанијата „Кожувчанка“ од Кавадарци заедно со двократниот европски првак во автомобилизам Игор Иџе Стефановски ќе ги советуваат и едуцираат младите за поголема безбедност во сообраќајот. Кампањата се реализира под мотото „Шампионот обединува насмевка, живот и едукација“.

Утре  во спортската сала „Јасмин“ во Кавадарци Иџе ќе ги посоветува младите да се насочат и да го изберат вистинскиот пат, спортот.

 

Истрајност, храброст и труд но пред сè фер плеј,  како во сообраќајот така и во спортот е она на кое што инсистира шампионот.  За почист воздух во Кавадарци, Игор Иџе Стефановски е планирано  да насади садници и со тоа даде позитивен пример на младите кавадарчани.

Покрај обраќањето на Иџе, присутните ќе можат да се дружат со Шампионот и фотографираат, да пробаат да возат на виртуелните симулатори од академијата на Стефановски.

Изминатите недели караванот ги посети Прилеп, Битола, Ресен и Охрид./A.Д

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.