Иџе ги советуваше учениците за безбедност во сообраќајот

Објавено на 8 март, 2016 во 14:18

Прилагодете ја брзината и почитувајте ги сообраќајните правила и прописи е пораката што на учениците од основните и средните училишта од Кавадарци им ја упати двократниот европски првак во ридски трки, Игор Стефановски – Иџе. Под мотото  „Шапионот обединува – насмевка, живот, едукација“, денес, во спортската сала Јасмин  се  одржа едукативен час за безбедноста во сообраќајот.

Иницијатор, и промотор на оваа идеа е токму шампионот Стефановски, кој е подржан од кавадаречката компанија „Кожувчанка“.

Во име на градоначалникот Александар Панов настанот го отвори секретарот на општина Кавадарци, Ќире Делов.  Своето животно искуство како учесник во сообраќајот го сподели Хакија Мекиќ, кој преку свој личен пример ги потсети присутните колку е важно да се внимава и да се почитува сообраќајната сигнализација.

„Еден ден, со мојот колега возевме по еден локален пат каде ограничувањето на брзината беше 60 километри на час, а ние возевме 80 километри на час. Тие дваесет километри разлика во брзината беа причина да излетаме од патот, лизгавме на песок и се превртивме. Трагедија голема. Двајца бевме во автомобилот и двајцата останавме инвалиди во количка. Тоа не беше траума само за мене и мојот колега, туку тоа беше траума и за нашите семејства. Затоа апелирам до Вас, вие сте млади и утре ќе бидете возачи, да возите внимателно, никогаш да не возите побрзо од пропишаното. Ние ако возевме 60 километри на час немаше да ни се случи сообраќајната незгода. Секој километар повеќе од пропишаното е опасност. Ако возите побрзо не се знае дали ќе стигнете до целта, затоа внимавајте, рече Мекиќ.

Во сообраќајкот е потребно да се почитуваат сите правила и прописи рече Стефановски.

„Целта е да им кажеме на младите дека иако сум двократен европски шампион во брзо возење,  тоа го правам на тркачите патеки. Низ сообраќајот треба да ги почитуваме правилата, знаците  и да ја прилагодуваме брзината за да има што помалку жртви во сообраќајот .  Ова е пети град, Бевме во  Битола, Прилеп, Охрид и Ресен. Сакаме да ги поминеме сите градови. Ќе биде добро младите  да ја слушнат приказната и од инвалидизираното лице кое има храброст да ја каже својата животна сторија. Мислам дека ќе делуваме позитивно. Сите заеднички мора да се активираме,  бидејќи има премногу сообраќајки. Потребно е да се внимава и на сообраќајната култура.Секаде каде одиме садиме по и  пет дрва , да им направиме чест на градот каде гостуваме“  рече Стефановски и искажа благодарност за подршката од компанијата „Кожувчанка“ од Кавадарци.

Стефановски проговори за понатамошното негово натпреварување.

XX„Кариератеа ќе ја водиеме на еден чекор плус, на едно престижно натпреварување од светски ранг. Се работи за едно првенство кое ќе се одвива низ сите стази каде што возев формула еден. Немаме сеуште официјализирано, наскоро ќе официјализираме во јавноста какви ќе бидат точно нашите настани  и кога точно ќе започнат“ рече Игор Стефановски.

Анегдоти од сообраќајот пред учениците кажуваше и актерот Мите Грозданов. Тој нагласи дека најдобар лек за заморот е добриот одмор. Апелираше никој никогаш да не седнува зад волан кога е уморен или кога е под дејство на алкохол. Волонтери од Црвен Крст Кавадарци советуваа како се постапува со повредените при сообраќајна несреќа. Спортскиот новинар Бранко Чупески проговори за документарниот филм подготвен за Стефановски , а кој е насловен „Патот до европскиот врв“.

Европскиот шампион, беше атракција за учениците, тие по завршувањето на манифестацијата се фотографираа и земаа автограми. Покрај тоа децата имаа прилика да се фотографираат и со автомобилот со кој Игор Стефановски – Иџе јас освои Европската титула./A.Д

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.