Се намалува бројот на болни од грип во Кавадарци и Росоман
Објавено на 11 март, 2016 во 11:16
Иако продолжува променливото време со варијации во температурата сепак во Центарот за јавно здравје Кавадарци се евидентирани помалку заболени од грип.
Изминатата недела матичните лекари пријавиле 121 грипозно лице.
„Активноста на вирусот се намалува, а со тоа очекуваме во наредниот период да се намалува и бројот на нови заболени лица. Од почетокот на сезоната заклучно со последната недела имаме вкупно 1535 болни од грип. Споредено со истиот период од минатата година, кога сме имале 1012 грипозни, сега имаме нешто повеќе болни“ рече д-р Ристе Јовановски, епидемиолог од Центарот за јавно здравје во Кавадарци.
Тој нагласува дека и понатаму најмногу болни има на возраст од 15 до 64 години.
Ангел Данов