Не е за пиење водата во кавадаречката градска мрежа

Објавено на 14 март, 2016 во 09:46

Поради обилните врнежи од дожд со кои беше зафатен и нашиот регион дојде до заматување на водата за пиење од водоводниот систем Лукар. Поради тоа водата е со жолта боја. Од Центарот за јавно здравје Кавадарци апелираат до граѓаните на Кавадарци пред употреба, водата задолжително да се проврива.

„Поради заматувањето на водата од Лукар при мерењето беше констатирано отсуство на резидуален хлор во водата поради што се започна со максимално хлорирање. Во функција е ставен и вториот хлоратор.Очекуваме до крајот на денот проблемите да се надминат. Потоа ќе бидат земени нови мостри на вода и ќе се направат нови анализи“ рече за КТВ, д-р Трајче Ризов, специјалист по хигиена од центарот за јавно здравје.

Тој нагласува дека посебно провриена или флаширана вода е потребно да им се дава на малите деца.

Препораката за провривање на вода важи и за жителите на Неготино и Росоман бидејќи и тие со вода за пиење се снабдуваат од системот Лукар./А.Д

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.