Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Со цел поголема конкуренција на тендерите и совладување на електронското аплицирање за јавни набавки,  денеска во големата сала на општина Кавадарци се одржа обука за микропретпријатијата од Кавадарци. Се работи за подолготраен проект на УСАИД кој се реализира од 2012 година.

На имплементација на овој проект работат Центарот за граѓанска комуникација од Скопје, како лидер организација и  Фондацијата за локален развој и демократија „Фокус“ од Велес и „ЕХО“ од Штип.

Електронските обуки за јавни набавки се започнати пред четири години, најпрво за микропретпријатијата од општините во Вардарскиот и источниот регион во земјава,за  да потоа со подршка на УСАИД  обуките се спроведуваат во сите општини.

„ Со измените на законот за јавни набавки,  од годинава договорните органи имаат обврска 30% од вкупните спроведени набавки,  во една календарска година да бидат целосно електронски. Тој број ќе се зголеми во 2017 и ќе стане 50%, а во 2018 година,  според законот имаат обврска договорните органи да спорведуваат целосно електронски набавки. Ние увидовме,  но тоа го увидоа и општините дека фирмите не се целосно подготвени за овие постаки, бидејќи досега сите постапки беа во хартиена форма и на крај завршуваа само со електронска аукција. Сега во моментов целата постапка се спроведува по електронски пат, од закажувањето на тендерот се до поднесувањето на понудата од фирмите“ рече Славица Ќучукова Николова од Фондација за локален развој и демократија „Фокус“.

Таа нагласи дека за електорнските набавки фирмите треба да набават  дигитални сертификати, со кои треба да се потпишуваат нивните електронски понуди на тенедерите./A.Д

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

О Г Л А С

                        за избор на 20 судии-поротници во Основен суд Велес

  1. Кандидатот за судија - поротник потребно е да ги исполнува следните услови:
  1. да е полнолетен државјанин на Република Северна Македонија
  2. да има завршено најмалку средно образование
  3. активно да го владее македонскиот јазик
  4. да ужива углед за вршење на функцијата судија-поротник
  5. да не е постар од 60 години.

            II.За судија-поротник не може да биде избрано лице кое со судијата или судијата-поротник во истиот суд е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар, ниту лице кое со член на Судски совет на РСМ е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар.

            III.Заинтересираните кандидати потребно е да поднесат пријави и документи и тоа:

            -Диплома за завршено образование (оригинал или заверена на нотар),

            -Уверение за државјанство,

      -Потврда од казнена евиденција (издадена од суд според местото на раѓање).

            IV.Пријавата со потребните документи да се достават до Основен суд Велес (на приемна писарница или преку пошта со препорачана пратка) на адреса ул.„8-ми Септември“ бр.53, во рок од 15 дена од објавувањето на огласот.

                                                                                                   ОСНОВЕН СУД ВЕЛЕС

 
   
   
   
   

Најново