Овоштарите стравуваат од мрзнење на овошките
Годинава вегетацијата кај овошките започна дваесетина дена порано, а тоа е причина повеќе овоштарите да стравуваат за родот. Производителите на кајсии од росоманско веќе ги осетија првите штети. Има значително мрзнење на овој овошен вид, а опасност постои и за праските.
„Околу 25 дена годинава започна вегетацијата. Среде зима имавме пролетни температури кои ги `прелажаа` растенијата. Сега повторно имаме ниски температури во текот на ноќта кои се вистинска опасност за овошките. Опасност сеуште има за праските“ рече проф. Д-р Ристо Вучков, земјоделски стручњак кој повеќе од три децении ги следи состојбите во земјоделството.
Тој нагласува дека се до Благовец постои реална опасност од мрзнење на одредени овошни видови. Вели, колку и да се гледа оптимистички, не очекува уште еден ладен бран.
Денешното стабилизирање на времето голем број овоштари го искористија за зимско прскање на овошките. Се прска за заштита од кадравост на лисјата на праските и од гниење на плодовците./А.Д