Кај Сирково сообраќајка со едно повредено лице
Објавено на 6 април, 2016 во 12:14
Денеска на пладне во полициската станица од општа надлежност во Кавадарци била пријавена сообраќајка после бензинската станица кај росоманското село Сирково. Во сообраќајката која се случила во 12 часот и 10 минути, учествувале товарно моторно возило и патнички автомобил. Според првичните сонзанија од терен, возачот на товарното моторно возило е повреден и пренесен до кавадаречката општа болница, соопшти портпаролката на СВР Велес Анита Стојковска.
Увидот на местото на несреќата е во тек.