Значително намален бројот на грипозни во Кавадарци
Toплото време ја запира циркулацијата на грип. Кавадарчани можат да здивнат. За последната недела матичните лекари во Центарот за јавно здравје пријавиле само девет лица заразени со вирусот на грип.
Најголема циркулација на грипот имаше во февруари кога неделно се бележеа и над 500 болни.
„Со затоплување на времето се смирува и грипот. Оваа сезона имаме регистрирано вкупно 1722 болни од грип. Оваа бројка е сигурно поголема бидејќи еден дел од болните се лекуваат во домашни услови“ рече д-р Ристе Јовановски, епидемиолог во кавадаречкиот центар за јавно здравје.
Тој истакнува дека наредниот период се очекува целосно да запре циркулацијата на вирусот.
Споредено со минатата година, кога имало 2020 грипозни лица, годинава се евиднтирани помалку болни, додава Јовановски./А.Д