Инфраструктурно се уредува просторот околу модуларниот паркинг
Се средија пристапните скали кои водат од улицата „1 мај“ над паркот на револуцијата кон модуларниот паркинг на улицата „Благој Крстиќ“. Сега граѓаните кои живеат во тој дел на Кавадарци ќе можат побезбедно да се движат.
Со ова инфраструктурно уредување се прави и подобра комуникација помеѓу паркот на револуцијата , кејот на реката и градскиот центар.
Од општината информираа дека проектот ќе чини 10 илјади евра, пари од општинскиот буџет.
Тој информираше дека проектот е проширен за разлика од првичната проекција и ќе чини над 10 илјади евра. Парите се обезбедени од општинскиот буџет.
Во склоп на овој проект е и поставувањето на бекатон коцки над западниот потпорен ѕид на модлуларниот паркинг, на што работеа денеска градежните работници./А.Д