Контра протест на ГДОМ во Кавадарци
Паркот на револуцијата во Кавадарци беше местото каде подржувачите на ГДОМ и членовите на ВМРО-ДПМНЕ вечерва одржаа протест преку кој упатија порака дека се за одржување на изборите на 5 јуни.
Пред присутните се обратија професорите Оливер Андонов и Александар Даштовски. Посочија дека „т.н опозиција без избори сакала да дојде на власт и дека спроведува украинско сценарио во земјава“. Според нив на протести излегувале платеници од Сорос и луѓе од други земји. Протестирале мирно и достоинствено, не кршеле и не ги напаѓале полицајците.
„Одејќи низ државата низ нашата убава татковина, ги гледаме нашите луѓе, како исконски се будат во одбрана на сопствената татковина. Ве повикуваме на 05 Јуни да излеземе на избори, и масовно да кажеме за која политичка опција и за која политика и напредок на Македонија сме. Да дадеме силна поддршка на нашата татковина, како граѓани, како народ кој си ја сака својата татковина. Да им покажеме каде им е местото на оние кои ја предадоа татковината, кои за туѓи интереси и зачувување на сопственото криминално досие сакат да се спасат“ порача професорот Андонов.
Присутните упатија аплауз за полицајците кои беа пред полициската станица, непосредно каде се одржуваше контра протестот на ГДОМ. Говореа само за аболицираните од претседателот Иванов во случајот „Пуч“ , а не кажаа ниту збор за останатите кои беа помилувани од шефот на државата.
„ Намерата нивна е прочитана. Сметам дека не би сакале никогаш да има избори, затоа што уште од старт се противеа. Единствен излез од политичка криза може да бидат изборите. Народот треба да го даде својот глас на 05 Јуни, вие одлучувате кој ќе биде во владата. Само со позитивна енергија сакаме избори на 5 Јуни. Затоа што сметаме не само ние, туку веќе и меѓународната заедница, и сите луѓе се убедени, а не верувам дека и нивните членови не се убедени дека не се создадени услови за фер, демократски, слободни и како што го нарекуваат во последно време, превземајќи го тој термин од запад, кредибилни избори“ рече Даштовски.
На протестот беше речено дека луѓето кои ја подржувле опозицијата и излегувале на протест носелеранци во кои имало бекатон коцки кои им служеле за да се напаѓаат полицајците. По обраќањето на двајцата претставници на ГДОМ протестот заврши./А.Д