Кавадарчани и вечерва протестираа
Од новиот центар на градот кон општинската зграда и денеска се движеа граѓаните кои беа дел од протестниот марш, организиран од граѓанското движење „Протестирам“. Кавадарчани повторно побараа оставка од претседателот Иванов, одложување на изборите закажани за 5 јуни.
„Нема правда нема мир“ и вечерва беше најчесто користената порака на протестот кој помина мирно.
„Бараме итна и неотповиклива оставка на Ѓорѓи Иванов од функцијата претседател, произнесување на Уставниот суд за уставноста на СЈО, формирање на специјално одделение на кривичниот суд, кое ќе биде надлежно за случаите под јурисдикција на СЈО, итно повлекување на одлуката за одржување на парламентарните избори на 05 Јуни, задолжително вклучување и присуство на независни претставници на граѓанското општество во процесот на решавање на кризата, формирање на преодна влада која што ќе ги имплементира итните реформски приоритети од извештајот на „ПРИБЕ“. Дотогаш нашата политичка борба останува на улиците“ беше речено на протестот./ А.Д