„Кожувчанка“ денеска со нова донација од 2,5 тони вода за пиење за настраданите во поплавата
Објавено на 8 август, 2016 во 12:34
„Кожувчанка“ утринава повторно со донација за настраданите од поплавите со нови 25 илјади литри од водата за пиење „Изворска“. Во изминатите 48 часа ова е втора донација на компанијата која и вчера испрати еден камион со иста количина на вода за пиење. Од таму велат дека нивниот хуман гест има за цел барем малку да им помогне и им го олесни секојдневието на луѓето погодени од природната непогода.
Како општествено одговорна компанија, Кожувчанка ќе продолжи да донира во моментите на потреба и ги повикува граѓаните да ја покажат својата хуманост со донирање на телефонскиот број 143 400./У.Ј