Пукање во центарот на Кавадарци
Објавено на 16 мај, 2016 во 12:35
Денеска во 12.55 часот во полициска станица Кавадарци пријавено е дека на улица „Илинденска пред угостителски објект, непознато лице од засега непознато возило испукало неколку пати со оружје, највројатно сигнален пиштол во воздух, по што се оддалечило со возилото.
„На посочената локација увидна екипа од полициска станица Кавадарци работеше на расветлување на настанот“ рече портпаролот на СВР Велес, Анита Стојковска.
Граѓаните се револтитирани од овој инцидент и прашуваат кои се мотивите за пукотници среде бел ден на локација која е мошне фрекфентна, како со пешаци, така и со возила./А.Д