Исчезнат е 62 годишен маж од Ваташа
Објавено на 16 јуни, 2016 во 08:29
Милан Василев на возраст од 62 години од селото Ваташа е исчезнат од вчера наутро. Од неговото семејство апелираат до сите граѓани кои имаат било каква информација за Милан да се јават на телефонскиот број на семејството 071-250-875.
Милан на себе носи сини тренерки и жолто-бела блуза со долги ракави, влечки и бастун. Нема ориентација за време и простор.
Семејството веќе интензивно трага по Милан.