Расветлено разбојништвото во тобакото во Кавадарци!

Објавено на 19 февруари, 2013 во 11:13

Четериесет и двегодишниот Б.К од Кавадарци е разбојникот кој вооружен со нож влегол во тобако во Кавадарци на ул. Пано Мударов.

Полицијата го приведе разбојникот и поднесе кривична пријава. Случајот е експресно расчистен. Од полицијата рекоа дека Б.К и претходно бил познат по извршуивање на кривични дела за што отслужувал затворски казни.

Разбојничкиот напад пријавениот го извршил  викендов во Кавадарци. Со нож и се заканил на продавачката. 27 годишната Д.Н исплашена за својот живот одлучила да постапи според наредбите на разбојникот. Ги извадила парите од касата и му дала 36.000 денари. Разбојникот веднаш побегнал со парите./ А.Д

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.