Децата од посебните паралелки во Кавадарци на заеднички велигденски ручек

Објавено на 16 април, 2014 во 14:00

Велигден е еден од најголемите христијански празници кој ги собира на заедничка трпеза најблиските, празник на кој му се радуваат и младите и повозрасните. Празник кога треба да се покаже љубовта кон најблиските, пријателите, да им се помогне на немоќните.

Претстојните велигденските празнувања беа повод на заеднички ручек денеска да седнат шеснаесет дечиња, ученици во посебните паралелки во ООУ „Страшо Пинџур“ од Кавадарци. Тие се сладеа со специјалитетите на „Вила Бела“ во Моклиште. Се радуваа на можноста сите заедно да ги почувствуваат убавините кои ги нуди овој луксузен угостителски објект.

„Секогаш има фирми и поединци од Кавадарци што сакаат да ги усреќат овие дечиња осебено на празници. За нив тоа е од големо значење и им причинува голема радост.  И овие деца сакаат внимание“ рече  Зоран Велков, дефектолог во училишттето и од името на децата се заблагодари за гостопримството од „ Вила Бела“ и велигденскиот ручек..

„Овие деца се секогаш добредојдени тука, денес ќе им покажеме гостопримливост, љубов и еднаквост.Ќе ручаме заедно и ќе им се радуваме на велигденските украси со љубов изработени за нив. Инаку велигденските подароци кои  денес ги добија дечињата од посебните паралелки се рачни изработки.Ги работевме заедно, ние менаџерите, нашите вработени и нивните сопружници.Заеднички придонесовме за радоста на овие дечиња “ рече  Костадинка Јованова од менаџерскиот тим на  „Вила Бела“./ А.Д

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.