Пожар во пилана во Кавадарци
Објавено на 22 декември, 2016 во 08:47
Во текот на ноќта, 12 часа пожарникарите се бореа со огнената стихија која зафатила дел од пилана лоцирана во поранешниот дрвен комбинат „Страшо Пинџур“.
Причините за пожарот не се познати, а дополнително ќе биде утврдена и направената штета.
Од кавадаречката противпожарна единица информираа во гаснењето на пожарот учествувале две противпожарни возила и седум пожарникари, а помош добиле со по едно возило и двајца пожарникари од „Кожувчанка“ и „Фени индустри“ и од неготинската противпожарна единица.
Со навремената интервенција било спречено огнот да ги зафати и останатите објекти кои се во непосредна близина на пиланата.
A.Д