Еден повреден по удар на автомобил во канделабра
Објавено на 16 април, 2018 во 10:29
Патнички автомобил марка „Фолксваген голф“ со кавадаречки регистарски ознаки вчера во утринските часови удрил во столб од улично осветлување, информираа од СВР Велес.
Автомобилот бил управуван од 23 годишниот Б.П од Кавадарци, а од ударот со повреди се здобил сопатникот 24 годишниот Е.П исто така од Кавадарци.
„На повредениот сопатник лекарска помош му е укажана во ЈЗУ Општа болница Кавадарци, а увид на местото на настанот изврши екипа од полициска станица со општа надлежност Кавадарци“ информира портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.
А.Д