Се подготвува простор за лимени гаражи
Објавено на 26 април, 2018 во 12:08
Завршија земјените работи за изградба на плато, каде ќе се дислоцираат бесправно поставените лимени гаражи во Кавадарци.
Градежната механизација на фирмата „Ја-Ми“ која е донатор во реализацијата на акцијата на општината за расчистување на запуштена површина кај обиколницата „Северен булевар“,
„Општината Кавадарци овде на површина од 9 000м2 планира да изврши уредување на целиот простор како би се обезбедиле минимум урбанизирани услови за дислокација на лимените гаражи кои што општината во соработка со сопствениците ги отстрани од узурпираните урбани површини во градот“ рекоа од прес службата на општина Кавадарци./A.Д