Градоначалникот на Кавадарци со поддршка за отворање на домови за лицата со посебни потреби
По неприфаќањето на лицата со посебни потреби од страна на жителите на неготинското село Тимјаник, со писмено обраќање до јавноста се обрати градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев кој дава целосна поддршка за отворање на мали групни домови.
„Во изминатите денови сме сведоци на протести во с.Тимјаник поради одлуката на Министерството за труд и социјална политика за оспособување на простор за мал групен дом за деца со попреченост во развојот. Општина Кавадарци дава целосна поддршка за отворање на мали групни домови. Отворени сме за соработка со Министерството за труд и социјална политика со сите ресурси кои ги има на располагање Општина Кавадарци“ се вели во писменото обраќање на Јанчев и се додава дека секое дете заслужува безгрижно детство, секое дете заслужува да расте во средина која нуди добри услови и секое дете има право на грижа и топла прегратка./А.Д