Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

komunalec vozilaСо ровокопач и две теренски возила со приколка од денеска е збогатен возниот парк на ЈП „Комуналец“ Кавадарци. Се работи за возила и машина кои ќе го подобрат работењето на ова јавно претпријатие во делот на услугите кои им ги пружа на граѓаните.

Денеска на пуштањето во функција присуствуваше и градоначалникот Митко Јанчев, кој нагласи дека со ова продолжува модернизацијата на „Комуналец“.

„Ова е трета набавка од годишниот план што го имаме за Комуналец. Станува  збор за две теренски возила со приколка кои ќе служат за секторите на претпријатието. Оваа инвестиција е околу 80 илјади евра. До крајот на септември очекуваме уште цистерна за перње на улици и уште еден скип“ рече градоначалникот

Директорот на јавното претпријатие, Ѓоко Поп- Ицов нагласи дека за ровокопачот ќе се набави и нож кој ќе се користи во текот на зимата за чистење на снегот од тротоарите и градскиот плоштад, а едно од возилата е за мини хидро-електричните централи, а другото возило марка „Дачиа“ со приколка за потребите на водовод и канализација.

 Oд набавката на нови возила и механизација за Комуналец ќе следува уште една фаза и во наредниот период ќе бидат промовирани и нови возила./А.Д

Поврзани вести

Web banner Duma Sinetta 2019 300x250px 01

Најново