Центарот на Кавадарци ќе добие нова атмосферска канализација
Проблемот кој беше присутен во Кавадарци при поројни дождови со собирање на голема количина атмосферска вода се надминува. Во тек е реконструкција на атмосферската канализација.
Општина Кавадарци преку оперативата на Јавното комунално претпријатиe врши реконструкција на постоечка атмосферска канализација за прифаќање на атмосферски води на дел од улицата „ Тиквешко Востание “ од раскрсницата кај „ Домот на културата “ во правец на „ првиот триаголник “ .
„ Вкупната должина на предвидената делница за реконструкција е 317 метри. Но според проектот се менува со два профили и тоа еден дел со должина од 104 м’ ќе биде изведен со цевки со дијаметар Ф500мм, а вториоти дел 213 м’ со цевки со дијаметар Ф400 мм. Предвидено е приклучување на постоечките сливници на новата атмосферска канализациона линија“ информираат од локалната самоуправа./А.Д