„Пајакот“ ќе става ред во хаосот со паркирање во Кавадарци
Објавено на 20 март, 2019 во 15:03
„Пајак“ возилото од понеделник ќе биде ставено во функција на средување на хаоаост кој владее со паркирањето во Кавадарци. Од кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев информираа дека ќе се интервенира најпрво на хаварисаните возила, кои ќе бидат дистрибуирани до депото на „Северен булевар“.
„Ќе се интервенира и на непрописно паркираните возила и возилата паркирани во зелени површини. Се апелира до граѓаните прописно да ги паркираат своите возила на веќе обележани паркинг места“ велат од општината.
За непрописно паркираните возила ќе следуваат казни од надлежните служби./А.Д