Поголема количина на катран откриена во куќа во Кавадарци
Објавено на 4 април, 2019 во 13:19
Во напуштена куќа на улица „Рајна Соколова“ во Кавадарци полицијата открила поголема количина на катран. Опијатното средство било откриено вчера, 3 април, доцна попладнето и било спакувано во 10 канти што тежеле по 10 килограми.
– Пронајдени се 10 канти со тежина од околу 100 килограми со непозната тврда кафена материја – најверојатно катран од афион, рече портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.
Од велешката полиција соопштија дека се преземаат мерки за расчистување на случајот./У.Ј