Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

69711228 801069013642783 6201362657170161664 nУште една успешна карневалска приказна под отворено небо испиша Кавадарци. Вчера се одржа традиционалниот карневал во кој учество земаа четериестина карневалски поставки со над 1000 учесници.

Симболично беше претставена виновата лоза, имаше сирени, ликови од цртани серии. Карневалското дефиле беше најавено со звуците на градскиот оркестар. Улиците во градот беа преполни.

    69887323 2499426070281439 8397221634221539328 n        69725233 2499426023614777 4298823901753901056 n

Маскираните гости од Тиват, Лесковац, Птуј, Раковица, Пела, потоа од македонскит градови Струмица, Прилеп, Пробиштип, како и маските од Кавадарци, создадоа карневалска магија за сите кои точно на пладне беа на плоштадот во градот на грозјето и виното.

Извонредно карневалско издание кое го врати сјајот на „Тиквешкиот гроздобер“.

69630325 2499422706948442 3758089082555596800 n

Симболично градоначалникот Митко Јанчев, претседателот на советот Ристо Сакалиев, министерот за земјоделство,69637539 2499425810281465 6409886536321466368 n Трајан Димковски, директорот на платежната агенција Никола Бабовски и останати гости го направија симболичното откинување на првиот грозд. Потоа грозјето се газеше со нозе како што налага традицијата во овој крај.

Градоначалникот и општината упатуваат огромна благодарност за сите учесници на карневалот за прекрасните моменти додека траеше карневалот.

Ова е поттик и предизвик догодина „Винскиот карневал“ да биде уште побогат и посодржаен.

Приказната под отворено небо продолжи  синоќа на градскиот плоштад со музичките гост Блу Бенд, и секако ѕвездата на годинашниот „Тиквешки гроздобер“ балканската музичка легенда Здравко Чолиќ.

colicКавадарци и гостите на „Тиквешкиот гроздобер“ 2019 ги минуваа најубавите и најемотивни моменти на годинешната забава под отворено небо. Се редеа безвременските хитови на Чолиќ, а публиката во еден глас пееше со мега ѕвездата. На полноќ кавадаречкото небо го осветли спектакуларен огномет, по што продолжи забавата со легендарниот Чолиќ.

Кавадарци годинава се покажа како одличен домаќин и организатор на богата приказна под отворено небо./A.Д

Поврзани вести

web banner 300x250 Sinalco Duma

banerknigovodstvo

E baner

Најново