Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

gradinka1Кавадарци е меѓу првите градови во земјава каде нема повеќе листи со чекање за прием на деца во градинка. Со доградбата на нови занимални, се створија услови сите дечиња да посетуваат градинка. Денеска свечено беа отоврени новите занимални во објектот „Снежана“ во Ваташа, каде ќе се згрижат 125 дечиња.

На свеченоста присуствуваа министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска и градоначалникот Митко Јанчев. И двајцата најавија дека ќе продолжи вложувањето со цел да се обезбедат подобри услови за најмладите.

„Нашата цел, како Влада е што поголем број деца до 6 годишна возраст да се опфатат во предучилишното образование, бидејќи раниот детски развој е најважен за понатамошниот развој на децата. Продолжуваме да инвестираме во детската заштита, посебно во другите градови низ Северна Македонија и во руралните места бидејќи инвестицијата во квалитетно предучилишно образование значи инвестиција во човечки капитал и води до напредок на државата“, изјави министерката Царовска во Кавадарци.

gradinka 2Градоначалникот Митко Јанчев истакна дека со последните проширувања бројот на деца на листа на чекање е нула.

“Новиот дел на Снежана е со површина од 187 метри квадратни и градинката место претходните 9 занимални сега има 11, со тоа вкупниот капацитет се згоемува на 178 деца”, рече Јанчев. Покрај доградбата на „Снежана” доградба е направена и на градинката „Детелинка“, каде што има дополнителен простор за згрижување на 87 деца во 5 воспитно згрижувачки групи. Со доградбата на објектот „Детелинка“ вкупниот  капацитет ќе биде за 225 деца до 6 годишна возраст, кои ќе бидат опфатени во 14 воспитно згрижувачки групи.

Министертвото за труд и социјална политика продолжува да инвестира во детската заштита со тоа што ги подобрува условите за престој и воспитување на децата, но ги јакнеме и професионалните компетенции на воспитувачите. Со последното зголемување на платите, кај вработените во градинките платите се зголемија за 21%. За две и пол години МТСП има инвестирано во изградба, опремување и реконструкција и опремување на вкупно 31 објект за детска заштита. Во тек е изградба и опремување на уште 12 објекти./A.Д

Поврзани вести

E baner

web banner 300x250 Sinalco Duma

banerknigovodstvo

Швајцарската мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала РОНТИС, заради зголемување на својот постоечки капацитет во фабриката во Велес, има потреба да вработи:

10 (десет) Оператори во производство

Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:

  • ССС
  • Со или без работно искуство

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес ги охрабрува сите заинтересирани кандидати  да аплицираат, без разлика на нивната полова, верска или национална припадност.

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со фотографија на hrmk@rontis.com  или на адреса:

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ   с. Долно Оризари бб, Велес 1400 (со назнака за Оператор ), најдоцна до 30/11/2019 година.

Швајцарска мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала заради зголемување на својот постоечки капацитет има потреба да вработи:

Техничар  во оддел за  одржување

Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови:

  • ССС (Електро- техничар,  Машински техничар и др. сродни занимања)
  • Познавање на англиски јазик
  • Познавање на работа со компјутери
  • Со или без работно искуство ( предност имаат кандидати со работно искуство со машини )

Локација : Република Македонија - Велес

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со слика на  hrmk@rontis.com  или на адреса: ДПТ РОНТИС  ДООЕЛ Велес  с. Долно Оризари бб, Велес 1400  задолжително со назнака за Техничар, најдоцна до 30/11/2019 година .