Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

banka11

На денот за борба против сиромаштијата стотина семејства од Кавадарци добија пакети со храна од Банката за храна. Веќе подолг период оваа организација заедно со општината, градоначалникот и бизнис секторот води грижа за луѓето кои не можат да си обезбедат ниту еден оброк во текот на денот.

Кавадаречката банка за храна е меѓу лидерите во земјава, вели Роберто Паризов од невладината „Еко живот“ што несебично волонтира.

„Стварно сме значаен пример во Македонија и сме меѓу лидерите. Пример сме како треба да изгледа банкарството со храна и посебно грижата за справување со вишокот храна и донирање на таа храна на оние на кои им е најпотребна. Тука сме 365 дена во годината да обезбедиме што повеќе храна за нив,  заедно со општинските институции и со бизнис секторот.  “ вели Паризов.

Тој нагласува дека интересот за донирање кај компаниите бил  се поголем, а се  повеќе се зголемувала хуманоста и интересот за донирање кај граѓаните од Кавадарци.

Градоначалникот Митко Јанчев денешниот работен ден го започна од просториите на банката за храна.

“Сиромаштијата постои меѓу нас во општеството и граѓаните и мора да се трудиме да ја тргниме, но во целост тоа е не возможно. Заедно со „Еко живот“ и Банката за храна, ние како општина, бизнис секторот и сите институции помагаме со основните прехранбени продукти за најсиромашните“  вели Јанчев./А.Д

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

lifer gif 300x250 Duma

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

Швајцарска мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала заради зголемување на својот постоечки капацитет во Велес има потреба да вработи:

Техничар  во оддел за  одржување

Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови:

  • ССС (Електро- техничар,  Машински техничар и др. сродни занимања)
  • Познавање на англиски јазик
  • Познавање на работа со компјутери
  • Со или без работно искуство ( предност имаат кандидати со работно искуство со машини )

Локација : Велес

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со слика на  hrmk@rontis.com  или на адреса: ДПТ РОНТИС  ДООЕЛ Велес  с. Долно Оризари бб, Велес 1400  задолжително со назнака за Техничар, најдоцна до 25/02/2020 година .

 
   
   
   
   

Најново