Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

mickoskiБројни критики на адреса на актуелната власт предводена од Зоран Заев вечерва од градскиот плоштад упати лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Тој рече дека владата на Заев се што ветила било лага, затоа повика на обединување за рушење, на како што рече, криминалната влада.

„Ги слушам како секој ден како велат дека блескале, дека направиле реформи, дека Македонија ја однеле ваму, Македонија ја однеле наму. Донесоа само срам и понижување. Со најголемата политичка лага „Живот“ , всушност Зоран Заев бараше спас да не оди таму каде што заслужува. Затоа што знаеше дека ќе заврши таму каде што треба да заврши и да понесе одговорност. И тогаш реши да ја кодоши Македонија за да може да се дограби до позицијата каде сега се наоѓа“ рече Мицкоски.

Нагласи дека лага било и покачувањето и платите на просветните работници и пензиите. Наставниците требало да земаат 36600 денари плата,  согласно колективните договори, а не да добијат  само 10% покачување. На пензионерите требало да им се покачат пензиите за 1500 денари во овие три години, но сега,  Заев  решил да им врати 720 денари.

Мицкоски рече и дека Македонија никогаш од сега не била повеќе полна со криминал и корупција. Никогаш не била повеќе опљачкана,  декаденција и примитивизам по принципот „мало сутра“ или тепсијата која што била изедена со баклавата. Тоа било политичкото секојдневие кое го сервирале политички маргиналци како Заев, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

„Јас сум убеден во мудроста на граѓаните. Убеден сум дека граѓаните на сметка на не реализираните ветувања, на сметка на лагите, примитивизмот и пониужувањата кои се наше секојдневие,  ќе изберат честитост и иднина која ќе значи и обнова на Македонија.“ нагласи Мицкоски и додаде дека на изборите во 2020 година партијата која ја раководи ќе ја формирала новата влада.  Потоа ќе се реновирале студентски домови, ќе покажеле поголема грижа за младите и подобар живот во достоинствена Македонија.

Кавадарчани вечерва имаа можност да понудат предлози и идеи кои ВМРО-ДПМНЕ ќе ги вклопи во изборната програма.

Ангел Данов

Поврзани вести

E baner

web banner 300x250 Sinalco Duma

banerknigovodstvo

Најново