Се запaли плинска боца, во куќа, во Кавадарци
Објавено на 6 јануари, 2020 во 13:21
За среќа, нема повредени, причинета е само материјална штета, соопштија од Противпожарната единица. Командир на пожарникарите, Александар Чадамов со апел за поголема внимателност од страна на граѓаните.
– Алармираме до граѓаните да бидат повнимателни, бидејќи оваа грејна сезона имаме веќе неколку интервенции при запалени плински боци, рече Чадамов.
Од Противпожарната единица со совет до граѓаните, корисници на плински боци, дека мора да ги проверуваат нивниот квалитет, сигурност и инсталацијата. Особена внмателност при употребата на боците и од самите граѓани./У.Ј
Фото: МИА