Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

risteskiАлександар Ристески од Прилеп кој живее во Кавадарци,  денеска беше најсреќен меѓу дваесетината момчиња, кои скокнаа по светиот крст во водите на реката Луда Мара во Кавадарци.

Ристески редовно учествува на богојавленскиот водосвет од 2012 година и ова му е трет пат да го фати крстот. На сите верници им посака многу здравје и среќа, а на локалната самоуправа да продолжи со успешното работење како и до сега.

Најсреќниот, кој слави денеска и роденден,  доби тв приемник и златен привезок, подароци од локалната самоуправа и таблет од аптеки „Зегин“.

Заменик градоначалникот на Кавадарци, Никола Трендафилов им го честиташе денешниот голем христијански празник на сите верници.

На богојавленскиот водосвет претходеа литургии во црквите Свети Димитрија и Света Петка, а потоа верниците со литија слегоа на кејот на реката каде се изврши богојавленски водосвет и се потопи светиот крст во водите на реката Луда Мара.

Традиционално, богојавленски водосвет каде присуствуваа голем број верници од Тиквешијата  се изврши и во водите на браната Моклиште. Осум момчиња скокнаа во ладните води на браната, а најсреќен прв да доплива до светиот крст беше 17 годишниот Љупче Бошев од селото Ваташа.

mokliste1

Од локалната самоуправа Кавадарци Бошев доби тв приемник , златен привезок.

„Посакувам многу здравје и среќа на сите граѓани. Среќен сум денеска“ рече Бошев.

Празникот Богојавление-Водици се прослави и во Росоман со богојавленски водосвет. Најсреќен беше Игор Атанасовски. Во Демир Капија од реката Бошавица светиот крст во извади 23 годишниот  Лазе Николовски.

Голем број  православни христијани од Неготино по повод празникот Богојавление - Водици присуствуваа и го следеа фрлањето на ритуалниот крст во водите на реката Вардар од Пепелишкиот мост. Годинава од 13 пријавени учесници во МПЦ Св. Атанасиј крстот го фати Тодор Пасев од градот Русе - Бугарија кој, како што самиот кажа, веќе 22 години по ред на разни локации се обидува да го фати крстот.

83098481 1255138371349406 2839057216122650624 oПасев направи еден гест кој ги изненади сите и крстот го подари на општина Неготино врачувајќи му го на градоначалникот со желби за здравје и среќа на сите верници од општината.

На подарок од општина Неготино доби телевизор, од МПЦ доби Библија, а од компанијата Зегин таблет.

Ангел Данов

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

lifer gif 300x250 Duma

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

Швајцарска мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала заради зголемување на својот постоечки капацитет во Велес има потреба да вработи:

Техничар  во оддел за  одржување

Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови:

  • ССС (Електро- техничар,  Машински техничар и др. сродни занимања)
  • Познавање на англиски јазик
  • Познавање на работа со компјутери
  • Со или без работно искуство ( предност имаат кандидати со работно искуство со машини )

Локација : Велес

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со слика на  hrmk@rontis.com  или на адреса: ДПТ РОНТИС  ДООЕЛ Велес  с. Долно Оризари бб, Велес 1400  задолжително со назнака за Техничар, најдоцна до 25/02/2020 година .

 
   
   
   
   

Најново