Повреден работник во кавадаречка фабрика
Објавено на 10 март, 2020 во 16:06
Дваесет и тригодишниот П.Н од Кавадарци се здобил со телесни повреди на своето работно место во кавадаречка фабрика, потврдуваат од полицијата.
Несреќниот случај бил пријавен во полициската станива во Кавадарци.
„Увид на местото изврши екипа од полициската станица Кавадарци“ информираат од СВР Велес.
Повредениот веднаш бил пренесен во кавадаречката болница, каде му била укажана лекарска помош./А.Д