Сите добиени резулатити од брисовите на луѓето во контакт со двајцата заболени во Кавадарци се негативни
26.03.2020
Негативни се резултатите на сите што биле во контакт со заболените сопружници во Кавадарци информираше денеска директорот на кавадаречката болница, д-р Диме Коцев.
Тој потврди дека официјално во Кавадарци се евидентирани двајца заболени, една докторка прихијатар и нејзиниот сопруг.
“Веднаш по објавувањето на веста за заразени две лица од министерот за здравство, во ЈЗУ Општа болница со проширена дејност Кавадарци се преземени соодветни заштитни мерки. Имено на сите вработени во болницата и пациентите од невро-психијатриското одделение, кои биле во директен или индиректен контакт со заболените, им се земени брисеви за испитување на овој вирус. Добиените резулати се негативни“ вели д-р Коцев и додаде дека прегледи на невро-психијатриското одделение не се извршуваат, додека останатите оддели работат нормално.
„Ги повикувам сите матични лекари на територијата на општина Кавадарци, Неготино, Росоман и Демир Капија, примарно да направат строга селекција на итност, согласно состојбата на пациентите“ апелираше директорот на болницата и искажа благодарност со сите што им даваат поддршка на медицинските работници во борбата против оваа болест./А.Д