Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn
92452182 2915043051919274 872664619276042240 oЗа прв пат денес во Основниот суд Кавадарци расправите за четири судски предмети се одржаа со online судења, со користење на електронска платформа за двонасочна комуникација Microsoft Teams со што се овозможи судењата со сите инволвирани учесници да се одржат без нивно заедничко физичко присуство во зградата на судот.
 
 
„Во предметите за денешните online судења на Основниот суд Кавадарци учествуваа : Основното Јавно обвинителство Кавадарци, ЈУ Меѓуопштински Центар за социјални работи Кавадарци и адвокатите застапници на странките во постапките.  На овој начин, судот и сите други учесници во постапката, ги презедоа и обезбедија сите мерки за превенција,со обезбедување на социјалната димензија за време на воспоставената вонредна состојба, со цел за непречено одржување на расправите и преземање дејствија во текот на судските постапки“ информираа од судот и искажуваат благодарност на стручниот и професионалниот пристап и посветеноста во ова време на  Основното јавно обвинителство во Кавадарци и јавните обвинители кои учествуваа во денешните постапки, на ЈУ Меѓуопштинскиот Центар за социјални работи Кавадарци и нивниот стручен тим, како и на адвокатите кои со своите знаења и способности се охрабрија за прв пат да учествуваат и да помогнат да се одржат овие online судења./А.Д

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

lifer gif 300x250 Duma

 

Duma Banner

ezgif.com video to gif1

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

Почитувани,

Општина Велес ја известува јавноста дека Градскиот пазар во Велес наместо во вообичаените пазарни денови, отворен е за работа секој ден, од понеделник до недела, од 07:00 до 14:00 часот.

Претходно донесените мерки за Градскиот пазар сè уште се на сила.

Малиот пазар во Нова населба останува затворен за работа, затоа што сè уште не се создадени услови за негово повторно отворање.

Општина Велес упатува апел до сите жители на општината за почитување и придржување кон мерките за превенција и заштита од ширење на Ковид-19 (коронавирус).

Јавното здравје е заедничка одговорност.

Со почит,

Општина Велес

 
   
   
   
   

Најново