Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

kavadarci 1Триесет годишен кавадарчанец добил тешки телесни повреди откако паднал, во обид да им избега на полициските службеници за време на полицискиот час и е испратен на Клиниката за трауматологија во Скопје.

Лекарите велат дека најверојатно ќе биде изврешна хируршка интервенција, бидејќи биле скршени двете коски под коленицата.

Повреденото лице В.Ј со своето возило започнало да бега, откако полицијата дала знак да застане сооглед на отпочнатиот полициски час.

„Вчера во 17.00 чaсот при вршење контрола на ул.„Шишка“ во Кавадарци полициски службеници се обиделе да запрат патничко возило „Oпел астра“, со кавадаречки регистарски ознаки, но, истото не застанало. Набрзо возилото е пронајдено во с.Марена, а во него биле Б.Т.(51), В.Ј.(30) и Ј.В.(46). Притоа, В.Ј.(30) се обидел да избега, при што паднал и се повредил. Тој бил префрлен во болницата во Кавaдарци, каде му била констатирана тешка телесна повреда“ информира портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски и додава дека против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

Вчера се регистрирани 3 прекршувања на полицискиот час во Кавадарци и 2 во Неготино.

А.Д

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

lifer gif 300x250 Duma

 

Duma Banner

ezgif.com video to gif1

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

Почитувани,

Општина Велес ја известува јавноста дека Градскиот пазар во Велес наместо во вообичаените пазарни денови, отворен е за работа секој ден, од понеделник до недела, од 07:00 до 14:00 часот.

Претходно донесените мерки за Градскиот пазар сè уште се на сила.

Малиот пазар во Нова населба останува затворен за работа, затоа што сè уште не се создадени услови за негово повторно отворање.

Општина Велес упатува апел до сите жители на општината за почитување и придржување кон мерките за превенција и заштита од ширење на Ковид-19 (коронавирус).

Јавното здравје е заедничка одговорност.

Со почит,

Општина Велес

 
   
   
   
   

Најново