Димковски во Кавадарци се сретна со лозарите
Министерот за земјоделство Трајан Димковски денеска одржа работен состанок со претставници на Здружението „Напредни лозари“. На состанокот се разговараше за цената и пласманот на грозјето и подобрените услови за производство на вино. Тој информира дека цената на предадено грозје, оваа година нема да биде пониска од ланската и дека целокупното произведено грозје од оваа реколта ќе биде откупено. Лозарите беа целосно исплатени во изминатиов период, исплатени се сите заостанати долгови направени од претходната власт.
Во изминативе три години, министерството беше во постојана комуникација со земјоделците од што произлегоа многу идеи и предлози за подобрување на секторот.
“Во последните 3 години интензивно разговараме со Здружението „Напредни лозари“, и сме отворени за соработка, се што сме договориле изминатиот период е исполнето. Она што може да заклучиме дека во добар дел се согласуваме, односно дека едно од нивните барања е да постигнеме цена, која ќе биде на минатогодишно ниво, и поддршката од државата. Но, ние сепак оставаме еден простор да поразговараме и заеднички да издејствуваме, односно да видиме колкава ќе биде неопходна поддршката, колкав ќе биде евентуалниот вишок што се најавува од винарниците и како тоа ќе се преработи и анулира од пазаро, т како не би создавало притисиоци, но и да не дојде до драстично намалување на виното како краен производ, дали тоа е наливно, најповеќе би рекол околу наливното вино но исто така и со флашираното вино кое оди надвор “- изјави министерот Димковски.
„Денеска имавме една добра средба и ни даде надеж дека лозарите можат да бидат спокојни, нема да паднеме под загарантираната цена од лани и со субвенциите кои ги земаме ќе оствариме добар резултат. Денеска се пуштени тие два денари дополнителна субвенција. Ние се бориме да добиеме повисока цена. Знаеме дека ковид 19 направи штета во цел свет, но и ние како лозари е неисплатливо да работиме а да не добиеме некој денар.“ рече претседателот на „Напредни лозари“ Трајче Кулев по состанокот со министерот./A.Д